Летните горештини се причина за загриженост за издржливоста на технолошката инфраструктура

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Нецел месец откако започна летото температурите стануваат супер високи. Во Феникс температурата достигна над 44 степени целзиусови, а  рекордно високи температури има на повеќе локации низ целиот свет. Кога зборуваме за жешкото време веднаш помислуваме на опасноста по здравјето на луѓето, не мислиме како тоа влијае на електрониката или на телекомуникациската инфраструктура, а влијанието е големо. Експертите стравуваат дека високите температури се опасни за центрите за податоци и критичните ИТ системи вели Спенсер Кимбал од Cockroach Labs за Fast Company.

Една од причините поради кои центрите за податоци се градат на далечниот север е што тие и онака прилично се загреваат. Поради ова, нивното ладење често е проблем, и мора принудно да бидат ладени. Тоа значи дека е потребно активно отстранување на топлината од електронските компоненти или уреди. За ладењето се користат вентилатори, пумпи или течности за ладење. Секако ладењето е потешко кога температурата на воздухот е повисока, на пример над 40 степени.

Прекин на услугите како последица на превисоките температури можеби изгледа неверојатно, но веќе се има случено. Пред само неколку години во 2022 година поради високите температури во Обединетото Кралство, Google и Oracle имаа прекин во услугите.

Временските прилики влијаат на севкупната инфраструктура. Во Њујорк над 40 отсто од прекините  доаѓаат по големи бури. Во зависност од причините прекинот може да трае од шест часа поради обилни врнежи, до 17 часа ако врнежите се проследени со силен ветар.

Како влијаат високите температури на уредите

Високите температури не влијаат единствено на прекини на сервисите туку и на животниот век на уредите. Така секој 10 степени го намалуваат животниот век на уредите на половина. На пример уред има предвиден рок на траење од 10 години на температура од 25°C. Овој уред ќе има животен век од 5 години на 35°C, на температура од 45°C ќе трае 2,5 години. Ова правило „10-степени“ е апроксимација и не важи за сите услови и компоненти.

Сите материјали не се исто чувствителни на температурата, и таа различно влијае на различни материјали, на пример изолатори, спроводници, полуспроводници. Кај спроводниците поради високата температура се зголемува отпорот; кај изолаторите може да дојде до оштетување поради термичка експанзија. Температурата има различни влијание на различни компоненти како отпорници, кондензатори, интегрирани кола и слично.  

Ова влијае и на севкупната електроника. На пример паметните телефони и лаптоп компјутери имаат покус животен рок на повисока температура. Центрите за податоци мора да се одржуваат во приближно идеални услови за да се обезбеди трајност на серверите и на останатиот хардвер.

Центри во орбита

Во потрага по поголема отпорност на прекини на работа предизвикани од температурата некои компании започнале да експериментираат со креирање на центри за податоци во орбита. Ова не само што ќе ги направи поиздржливи на температура туку центрите во вселената нема да имаат влијание на зголемување на јаглеродниот отпечаток.

Станува збор за технологија која е исклучиво експериментална и засега никој не ја користи во пракса.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk