Гневните корисници го спречија PopCap со злобен „тест“ да им наплаќа за Plants vs Zombies

По гневот на корисниците, креаторите на популарната мобилна игра Plant vs Zombies го вратија стариот начин на плаќање, објаснувајќи за BBC дека претходниот обид за наплата на делови од играта бил „тест“. Станува збор за обидот на PopCap Games по секое искористување на косилките за трева да биде неопходно корисникот да плати за да ги обнови. Играте е забавен, таканаречен „Tower Defender“, која бара од корисниците да ги распределат цвеќињата на оптимален начин за да ја запрат инвазијата на зомбијата. Покрај цвеќињата како последна мерка на заштита на играчите им се на располагање и пет косилки за трева по ниво кој овозможуваат отстранување на зомбијата.

На почетокот на секое ниво или по неуспешното поминување на нивото корисникот има на располагање 5 косилки. „Тестовите“ кои ги правеше компанијата се однесуваше токму на овој елемент, всушност по користењето на првите пет косилки корисниците не ги добиваа назад доколку не платеа за нив. Оттогаш ЕА објави надградба со која играта се врати на претходната верзија, но останува непознато дали доколку заедницата не беше доволно гласна во одбрана на својата омилена игра, PopCap ќе го прекинеше тестот.

Дел од љубителите на играта веднаш прстот го вперија во EA Games во чиjа сопственот одамна е и PopCap. Фановите одамна гледаат на EA Games како злобна коорпорација, а пред една година втор пат по ред беа изгласани за најлоша компанија во САД.

[youtube]Vx5ESIHAfR4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk