Од скромните почетоци во 2000-та година, The Sims стана глобален феномен, револуционизирајќи го жанрот поврзан со симулација на живот. Првата игра од овој серијал нѐ запозна со концептот на виртуелни луѓе. Овие „симсовци“ си имаат различни карактери, потреби и желби. Ние, како играчи, градевме куќи, им ги задоволувавме основните потреби, им наоѓавме работа и, во одредени моменти на огромно презаситување, или пак чиста љубопитност, ги стававме во базен и ги вадевме скалите за да не може да излезат. Ех, едноставни, преубави, психопатски времиња. Како и да е, иако графиката беше едноставна, можностите беа неограничени, допринесувајќи The Sims брзо да стана хит ем поради уникатна формула ем поради бескрајните можности за креативност.

Забава без граници
По успехот на првата игра и бројните експанзии, развојното студио Maxis ја исфрли двојката во 2004 година. Етикетирана како најдобрата од сите четири, Тhe Sims 2 донесе значителни подобрувања и во графиката и гејмплејот. Се сеќаваме како, на времето, бевме апсолутно воодушевени од револуционерниот скок. 2D стана 3D, вештачката интелигенција создаде можности за проширени гејмплеј механики како генетика, животни цели и подетални карактерни црти. Раѓањето и смртта станаа две клучни и пропратни точки, давајќи целосно нова димензија на емоционална поврзаност со симс ликовите. Бројните додатоци за играта дополнително допринесоа до создавање уште покомплексни приказни, истражување различни соседства и откривање бројни тајни.

Со полна пареа
25 години поминаа од првата The Sims игра. Времето навистина лета, нели? Во чест овие културни феномени, издавачкото студио ЕА и развојното студио Maxis решија да ги им дозволат на фановите да се вратат во времето и одново да ги искусат игрите кои ја популаризираа симулацијата на живот како жанр и ги поставија темелите за виртуелно изразување на креативноста. По првпат после много години, The Sims и The Sims 2 одново се достапни, овој пат како legacy колекции кои може да се играат на модерните оперативни системи.

Старата, добра забава
Знаете како викаат: ако не е искршено, не го поправај. The Sims 1 и 2 не се ниту римастери ниту римејкери, туку реобјави на игрите кои ги знаевте и сакавте во минатото. Тоа значи дека, со исклучок на прилагодувањето за модерните системи, ова се истите игри, заедно со препознатливите багови. Пред да излезе legacy колекцијата, со години пробувавме да ги оспособиме нашите дискови за The Sims 1, но не наидувавме на никаков успех. Можноста да ги играме во истата форма како во минатото е она и што всушност сакавме. Ништо повеќе. Со овој пакет, одново ја добивме препознативата сирова форма и не би можеле да се посреќни за тоа!




Како се игра The Sims 1 Legacy Collection?
Ако сте играле некоја од поновите симс игри, тогаш имате бледа претстава за тоа како се игра единицата. Најголемата разлика е тоа што во The Sims 1 самите Симс ликови се прикажани во 3D, додека куќата и сите објекти се претходно рендерирани и дијаметрално прикажани. Втората разлика е тоа што играта е значително потешка, со целосно оперирање од сите мејстрим, олеснителни механики кои се препознатливи за, пример, четворката. Играта се игра брутално без мамење, барајќи од вас константно да микро управувате со ликовите.
Еднаш што се прилагодите на графичката „деградација“, ќе можете да создавате симс ликови, да правите и опремувате куќи, да ги задоволувате нивните потреби, да им наоѓате работа, да развивате вештини и да се социјализирате преку најразлични интеракции со останатите ликови. Предизвикувачките механики се трудат да понудат креативни начини за интеракција и задоволителни резултати. Се што ќе постигнете во The Sims 1 е постигнато со многу труди и мака. Она што го имате во вашата куќа и во вашата симс душа е целосно заслужено.




Што ќе најдете во The Sims™ Legacy Collection?
The Sims Legacy Collection ги опфаќа The Sims, The Sims 4 Throwback Fit Kit, и следните ескпанзии: The Sims Livin’ Large, The Sims House Party, The Sims Hot Date, The Sims Vacation, The Sims Unleashed, The Sims Superstar, и The Sims Makin’ Magic.
The Sims Livin’ Large
The Sims: Livin’ Large (2000) – Додава нови предмети, кариери и можности за Sims, како што се слугинка, базен и џакузи.
The Sims House Party
The Sims: House Party (2001) – Фокусирана на забави и социјализација, со нови предмети за забава, музика и танцување.
The Sims Hot Date
The Sims: Hot Date (2001) – Воведува можност за Sims да одат на состаноци и да истражуваат нови локации надвор од дома.
The Sims Vacation
The Sims: Vacation (2002) – Sims можат да одат на одмор на различни дестинации, со нови активности и предмети поврзани со патување.
The Sims Unleashed
The Sims: Unleashed (2002) – Додава миленичиња (кучиња и мачки) во играта, со нови можности за грижа и интеракција.
The Sims Superstar
The Sims: Superstar (2003) – Sims можат да станат познати личности, да градат кариера во забавната индустрија и да уживаат во славата.
The Sims: Makin’ Magic
The Sims: Makin’ Magic (2003) – Воведува магија и вештерство во играта, со нови предмети, напивки и можности за магични интеракции.
Како се игра The Sims 2 Legacy Collection?
Како што напоменавме на почетокот, The Sims 2 е целосно ново животно кое еволуира и револуционизира се што беше постигнато со првата игра. The Sims 2 не беше само графичко подобрувањем туку целосно ново искуство. Играчите можеа да креираат покомплексни приказни, да ги истражуваат различните соседства и да ги откриваат тајните на нивните симс ликови. До ден денес, двојката се смета за најдобрата игра во овој серијал, првенствено поради големата посвета на детали и бројните содржителни додатоци.




Што ќе најдете во The Sims™ 2 Legacy Collection?
The Sims 2 Legacy Collection ги опфаќа The Sims 2, The Sims 4: Grunge Revival Kit, The Sims 2: University, The Sims 2: Nightlife, The Sims 2: Open for Business, The Sims 2: Pets, The Sims 2: Bon Voyage, The Sims 2: Seasons, The Sims 2: FreeTime, The Sims 2: Apartment Life и, секако, помалите додатоци како:
The Sims 2: Holiday Party Pack, The Sims 2: Family Fun Stuff, The Sims 2: Glamour Life Stuff, The Sims 2: Happy Holiday Stuff, The Sims 2: Celebration! Stuff, The Sims 2: H&M Fashion Stuff, The Sims 2: Teen Style Stuff, The Sims 2: Kitchen & Bath Interior Design Stuff, The Sims 2: Mansion & Garden Stuff.
The Sims 2: University
The Sims 2: University (2005) – Додава можност за Sims да одат на колеџ, да добијат диплома и да отклучат нови кариери.
The Sims 2: Nightlife
The Sims 2: Nightlife (2005) – Воведува ноќен живот, со можност за Sims да одат во клубови, ресторани и да запознаваат нови луѓе.
The Sims 2: Open for Business
The Sims 2: Business (2006) – Sims можат да отворат сопствен бизнис и да го развиваат, со нови можности за управување и профит.
The Sims 2: Pets
The Sims 2: Pets (2006) – Додава миленичиња (кучиња, мачки, птици, риби) во играта, со нови можности за грижа и интеракција.
The Sims 2: Bon Voyage
The Sims 2: Bon Voyage (2007) – Sims можат да одат на одмор на различни дестинации, со нови активности и предмети поврзани со патување.
The Sims 2: Seasons
The Sims 2: Seasons (2007) – Воведува годишни времиња, со промени во времето и нови активности поврзани со секое годишно време.
The Sims 2: FreeTime
The Sims 2: FreeTime (2008) – Фокусирана на хобија и слободно време, со нови активности и можности за Sims да се релаксираат и да се забавуваат.
The Sims 2: Apartment Life
The Sims 2: Apartment Life (2008) – Sims можат да живеат во станови, со нови можности за интеракција со соседите и управување со просторот.
Инспиративно наследство
The Sims 1 и 2 се важни бидејќи го револуционизираа жанрот поврзан за симулација на живот. Паралелно со тоа, воведоа иновативни елементи во гејмплејот, имаа значително културно влијание и ги поставија темелите за идниот успех на The Sims франшизата. Особено сме благодарни што успеавме одново да ги заиграме двете игри и што запливавме во едно пријатно, крајно носталгично патување.







