1 коментар 1 мин. читање

ИТ настан: Околу 200 креативци направија 27 игри на Global Game Jam во Скопје и Битола

Околу двеста програмери, инженери, ентузијасти, гејмери и уметници се собраа во Скопје и Битола да ги прослават видео игрите во викендот на Global Game Jam, кој по втор пат се одржува во Македонија. Организатор на настанот повторно е Македонската асоцијација за развивање на игри (МАГДА), со поддршка на KAMAI Media и Гораст Цветковски. Настанот беше 48-часовен маратон на кој се креираа игри од нула.

На Global Game Jame Macedonia имаше околу 200 учесници, со исто толкав број на публика, па дури имаше и десетина дечиња од по 13 години кои учеаа да програмираат и креираа игри. Во Македонија беа креирани 27 игри, кои можат да се додадат на над 4.200-те игри креирани во светски рамки, од сите локации на кои се одржа GGJ. Првите три места во Битола ги освоија игрите Angle, Entropy и Unreal Shadows, a наградата за најинтересна изведба е за Wait for me. Во Скопје победници се Inspired, Ben и Who am I. Останатите игри можете да ги погледнете на сајтот на Global Game Jam и тоа од Битола и Скопје.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top