Лекарите, но и Google, предупредуваат дека долготрајното носење на Google Glass може да предизвика болка. Објавата дојде откако дел од корисниците се пожалија на болка откако ги користеа очилата. Но, според Google, oчилата со проширена реалност се наменети за кратко користење, не за да ги носите со саати.
„Кога некој ќе добие нов пар очила или ќе започне да ги носи прв пат секогаш треба да помине одреден период за привикнување. За некој од корисниците исто е и со Glass… Во нашиот центар за помош пишува дека Glass е креиран за микро интеракции, не за гледање филмски маратон или за читање на Војна и мир“, вели Google.
Медицинските лица пак препорачуваат посета на очен лекар пред првото користење или купување на Glass. Лекарот ќе може да ги советува корисниците колку време можат да го користат уредот без да ги заморат очите. Проблемот со болката е предизвикан бидејќи најголем дел од луѓето не гледаат постојано нагоре, туку пред себе или надолу, па постојаното користење на Glass доаѓа како неприродно движење на очите.
[youtube]v1uyQZNg2vE[/youtube]







