0 коментари 2 мин. читање 21 мај, 2014

Апликација на денот: Играјте балет со холандско-македонскaта Bounden за iOS

Game oven, стартап од Утрехт основан од Бојан Ендровски и Адриан де Јонг, ја објави својата најнова игра Bounden, која од денес, 21 мај, е достапна на App Store. Гејминг студиото е познато по своите друштвени игри кои се играат со повеќе луѓе, и Bounden не отстапува од тој концепт, туку е можеби и нивната најдобра осмислена игра. Aко претходните Bam Fu и Fingle бараа играчите да ги испреплетуваат прстите во забавни игри, Bounden всушност ги учи да играат балет.

Bounden е направена во соработка со Холандскиот национален балет, чии кореографи ги креираа движењата кои мора да ги направат играчите за да го изиграат балетот. Со Bounden, двајца играчи го држат телефонот и играат балет така што ги следат предодредените маркери на апликацијата. На прв поглед ќе ви изгледа дека се заплеткувате со другиот играч, но за брзо време, откако ќе ги совладате движењата, и сфатите како треба да се движеите, играта се претвара во прекрасен танц.

Играта во моментов е достапна само за iOS, и е одложена за Android поради проблеми со фрагментацијата, интересно илустрирани тука.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top