Cognea ќе му помогне на Watson да се однесува како човек

За да го подобри својот суперкомпјутер Watson, IBM го купи австралискиот стартап за вештачка интелегенција Cognea. Стартапот е познат по креирање на виртуелен асистент со најразличен „карактер“, кој ќе му биде додаден на Watson. Планот на IBM за Watson е далеку поамбициозен отколку да биде асистент од типот на Siri, Cortana или Google Now. IBM се надева дека во иднина Watson ќе може да прегледува милиони податоци барајќи податоци и да го разбира концептот на податоци (погледнете ги видеата за да ви стане појасно), а потоа на разбирлив јазик истото да го пренесе.

„Како дополнување на разговорните сервиси кои ги развивме во IBM, го купивме и стартапот Cognea кој нуди виртуелни асистенти кој се однесуваат како луѓе – користат најразличен карактер – од формален до пријателско дете од соседството. Веруваме дека овој фокус за креирање на длабочина на личноста, кога ќе се искомбинира со разбирање на карактерот на корисниците, ќе доведе до ново ниво на интеракција, далеку пред денешните паметни телефони кои зборуваат. Им посакуваме добредојде во IBM на ко-основачите Лиесл Капер и Џон Закос и на отатокот од Cognea тимот“, објави IBM на својот блог.

Cognea ќе овозможи Watson не само да се користи како личен асистент, туку и како придружник за возрасни лица, советници за инвестиции, тутори, туристички водичи, лични тренери и уште многу други слични, но и потполно различни улоги.

[youtube]VINOKuEtluc[/youtube]

[youtube]6fJOtAzICzw[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Перо
Перо
7 years ago

Do you want Rise of the Machines, because that's how you get Rise of the Machines.

види ги сите огласи на kariera.it.mk