Cisco претстави технологија која предвидува идни проблеми во мрежата

По две години развој, тим од 30 истражувачи од Cisco ја претстави иднината на деловните компјутерски мрежи. Производителот претстави софтвер кој ќе им овозможи на инженерите во деловните компјутерски мрежи да ги спречат проблемите кои ќе се појават во иднина. Ова решение може да ги предвиди потенцијалните проблеми, а со тоа и да ги спречи и да ја направи мрежата подоверлива. Cisco е еден од најголемите производители на мрежна опрема, па ова е добар показател за насоката во која ќе се движи технологијата во иднина.

„Tим од околу 30 луѓе работи на ова во последните две години. Ќе ја примениме оваа технологија на широк спектар на производи и услуги во следните неколку години“, вели извршниот директор на Cisco, Чак Робинс за Reuters.

Софтверот постојано ќе собира податоци од различни, релевантни точки во мрежата. Врз база на овие податоци софтверот ќе го научи моделот на работа и оптоварување на мрежата. Потоа ќе може да им помогне на инженерите со навремени известувања за потенцијални хардверски проблеми, промени во апликациите, или преголемо оптоварување во мрежата. Она што е поважно, системот ќе може да ги предвиди овие проблеми, пред навистина да станат пречка за работа.

Иако технологијата засега е во рана фаза Cisco веќе има десетина клиенти со кои соработува на тестирањето на опремата. Дел од корисниците се Phillips 66, Adecco Group, и Schneider Electrics. Мрежите кои можат автономно да предвидат проблеми ќе им овозможат на ИТ тимовите во компаниите да бидат проактивни и навремено да реагираат да спречат нарушување на работа на мрежата.

Ова е само прва фаза на развој. Веќе следниот месец, во јуни, на Cisco Live конференцијата ќе биде покажана интеграцијата и можностите на технологијата во оваа почетна фаза на развојот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments