- Надополнување: Детали за закрпата за Wildermyth: Console Edition, надополнување од 25.11 2024
Има викенди кога сѐ што сакате е да се опуштите со некоја квалитетна игра. Во случај да и овoj еден од таквите викенди, тогаш имаме неколку предлози само за вас. Времето е драгоцено, почнуваме веднаш!
Atari 50: The First Console War


Како големи фанови на Atari, не губевме време да ве запознаеме со тоа како Atari 50 ви ја сервира компјутерската историја на дланка. Во тој текст, нашироко зборувавме за тоа како развојното студио Digital Eclipse имаат направено вистинска ризница, нудејќи временска линија од најразлични фотографии, документи, постери, цитати, видео материјали, кратки документарци, интервјуа, како и непресушна колекција од Atari игри. Набргу по тоа, поврзавме и да поразговараме со Крис Колер, уредникот од Digital Eclipse! Сега е време да ги насочиме нишаните низ неодамна излезеното DLC за Atari 50: The Anniversary Celebration!

Atari 50: The First Console War ја проширува колекцијата со дополнителна временска линија поврзана со првата војна на конзоли. Откако ќе научите еден куп работи од екслузивните интервјуа со бројни видни програмери и историчари, ќе можете да се впуштите во играње на 19 целосно нови и исклучително ретки игри поврзани со носталгичниот период.

Како и првото DLC така и второто претставува вистинско техничко достигнување каде од една појдовна точка не само што имате бројни мултимедијални материјали, туку и лесно можете да започнете некоја од игрите кои се дискутираат. Интерфејсот и понатаму останува како еден од најдобрите што имаме видено до сега. Доколку сте носталгични фанови и имате посебна љубов кон Atari, ова е колекција која никако не би требало да ја заобиколите.

Повеќе детали за играта
- Произведува: Digital Eclipse
- Издава: Atari
- Жанр: дигитална енциклопедија со ретро игри
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 8 ноември 2024
Wildermyth: Console Edition

Како RPG игра која е заснована на процедурално генерирање настани, играчот константно се опсипува со бројни избори. Последиците од тие избори е она што го поместува дејството напред. Вашата задача е да водите најразлични херои, да гледате како прераснуваат во воини и да ги организирате за стратешко соочување против најразлични чудовишта. Секој од хероите се одликува со уникатни параметри поврзани со минатото на ликот. Поради тоа, ликовите градат различни односи меѓу себе и стапуваат во најразлични, обично, непредвидливи интеракции. Во сите овие работи, вашата задача е да ги држите сите нив заедно и да внимавате какви одлуки донесувате. На крајот на денот, најголемите негативци може да не се непријателите со кои сте се бореле, туку вие.

Верзијата за конзолите е со редизајниран кориснички интерфејс. Дополнително, контролите се осмислени за да се е лесно-достапно преку контролерот. Независно од ова, доколку барате комплексна приказна во преубав свет кој како да е изграден од хартија, Wildermyth е игра која треба да ја проверите, на PC или на конзола, навистина не е битно се додека ја играте!
Надополнување излезено на 25 ноември!
Штотуку излезеното надополнувањ есе одликува со подобрувања и поправки за проблеми со кои се соочуваа некои играчи, како, на пример:– Идентификуван и поправен проблем што може да предизвика проблеми со зачувувањата на напредокот.
– Поправени ненадејно исклучување на играта, кое се случувало во одредени ситуации, како битки или крафтање.
– Поправени проблеми со рендерирање и графички проблеми.
– Додадени дополнителни поправки и подобрувања на стабилноста.
Детали за исправките можете да ги најдете тука!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Worldwalker Games LLC
- Издава: Worldwalker Games LLC
- Жанр: RPG авантура
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезена на: 22 октомври 2024
Cain x Nica

За потребите на приказната, Алексеј користи чисти цртежи со јасни бои. Ликовите, од друга страна, се со пренагласени карактеристики и анимации, оставајќи впечаток на остар контраст помеѓу мртвата природа и ликовите. На ликовите често им се позајмува глас од руски актери, а музичката подлога прекрасно ја доловува угнетувачката атмосфера околу вас.

Повеќе детали за играта
- Произведува: Aleksey Izimov
- Издава: Aleksey Izimov
- Жанр: визуелен роман
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 14 ноември 2024
Ved

Преку рачно нацртани цртежи и внимателно разработени анимации и визуелни ефекти, чедото на Karaclan ве втурнува во динамични ментални и физички битки. Покрај потребата да донесувате тешки одлуки со значајни последици, битките со непријателите ќе ве однесат до неколку можни краеви.

За потребите на играта, авторите црпеле силна инспирација од најразлични култури и митологии, трудејќи се да понудат јасни и провокативни цртежи полни со скриени пораки. Во мисијата да ја откриете вистината за мистериозното место во кое се наоѓате, можете и да градите нови структури, да отклучувате нови вештини, како и да си играте со комбинации од способности кои имаат различни ефекти.

Повеќе детали за играта
- Произведува: Karaclan
- Издава: Fulqrum Publishing
- Жанр: авантура
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 14 ноември 2024
Nazar


Моќите кои ќе можете да ги отклучите во Nazar ќе ви дозволат да гледате во иднината, да решавате загатки кои се поврзани со перцепција на времето околу вас, како и да се спротивставувате на предизвикувачките непријатели од Fatum култот.
Ние ја пробавме играта, но немавме баш среќа со неа. Имавме потешкотии во следење на дијалозите и разбирање на комплексната приказна. Звучи убаво, изгледа прекрасно и остава впечаток на квалитетно остварување, но јасно е дека бара специјализирана, потрпелива и поинтелигентна публика од авторот на овој текст.
Nazar е создадена од познатиот FMV директор Иреј Динк, а се одликува со музика од познатиот композитот Инон Зур.

Повеќе детали за играта
- Произведува: Eray Dinc Studio
- Издава: Eray Dinc Interactive
- Жанр: авантура
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 4 ноември 2024
Stray Path

Многу работи во Stray Path се создаваат по случаен избор. Таква е ситуацијата и со непријателите, и со настаните и со наградите. Авторите ветуваат висока форма на непредвидливост и флексибилни можности за градење уникатни билдови од стотици парчиња опрема и предмети.

Повеќе детали за играта
- Произведува: chx games
- Издава: Yogscast Games
- Жанр: стратегија со карти
- Платформа: Microsoft Windows
Тоа беше сѐ што успеавме да подготвиме за вас оваа утро. Се надеваме дека ви се допадна ова што го прочитавте и дека ќе продолжите да нѐ читате и во иднина,