1 коментар 2 мин. читање 30 август, 2012

Galaxy Camera e Android фотоапарат од Samsung

Samsung Electronics го претстави својот Galaxy фотоапарат, комбинација од фотоапарат и Android 4.1 Jelly Bean, кој кога ќе се поврзе со безжична мрежа прави потполно нов вид на уред. Уредот е одличен за тие што сакаат да фотографираат, уредуваат и да ги споделуваат своите слики и видеа од било кое место.

Енди Рубин, претседател во одделот за мобилни и дигитална содржина во Google, им честиташе на тимот на Samsung за оваа дело.

„Кога започнавме да работиме на Android, замисливме изработка на паметен фотоапарат. Galaxy апаратот е иновативен производ кој зборува за отвореноста и флексибилноста на Android платформата“.

Samsung Galaxy Camera ќе содржи 21х зум и супер светол 16 M BSI CMOS сензор, SmartPRО технологија, Android 4.1 Jelly Bean и безжично поврзување, апликации за уредување на фотографии и споделување на истите, а големината на екранот е 4,8 инчи (720p) Super Clear LCD.

Уредот ќе доаѓа во две варијанти според поврзувањето: 3G и Wi-Fi, и 4G и Wi-Fi, а цените сѐ уште не се објавени.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Dragan
Dragan
13 years ago

Цената ќе е околу $350. Геџет створен за инстаграмџии…..
http://www.techspot.com/news/49972-samsung-unveil

Мени
Заедница
Изглед
To top