2 коментари 1 мин. читање

Facebook тестира нов интерфејс за фотографии кој наликува на Pinterest

Дали Facebook ни претстави нов приказ на албумите и фотографиите или се работи само за еден обичен тест за нешто што треба да го очекуваме во блиска иднина? Од Facebook сѐ уште немаат ништо објавено за оваа промена која ја забележавме утрово. Како ќе изгледа новиот приказ на фотографиите кај корисниците и Facebook страниците можете да погледнете на сликата подолу.

Фотографиите на кои сте означени, албумите и последно прикачените фотографии се прегрупирани во 3 табови, а како стандарден избор е поставен „Photos of You“, односно прво се прикажуваат фотографиите на кои сте означени. Исто така, за да коментирате или кликнете дека некоја фотографија ви се допаѓа, не е потребно да ја отворите сликата, туку доволно е само да отидете со курсурот врз неа.

Додека пак, на вашите лични фотографии експресно ќе можете да ја промените локацијата, времето или да ја зголемите со кликање на ѕвездичката за „омилена“ слика.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top