0 коментари 1 мин. читање

Лаптоп и таблет компјутер во едно: Dell XPS Duo 12 e нов хибриден Windows 8 уред

Dell на IFA 2012 во Берлин го најави новиот хибридeн лаптот/таблет компјутер XPS Duo 12 кој ќе работи на Windows 8. Тоа што веднаш паѓа во очи кај овој 12,5-инчен уред е што мониторот може да се откачи од рамката и да се постави во превртена позиција која изгледа „поприродна“ за таблет компјутер. Покрај присуството на тастатура, Dell во новиот хибриден комјутер ќе инсталира и екран на допир кој ќе биде заштитен со Gorilla Glass.

XPS Duo 12 ќе има HD екрани (најверојатно со 1920 x 1080 резолуција), 256 GB SSD простор и процесор кој ќе се надградува до i7. Надградбата до Ivy Bridge i7 ќе овозможи Windows 8 да функционира без проблем, барем што се однесува до хардверското побарување.

Токму Windows 8 и Microsoft се заслужен за брзиот подем на хибридните комјутери, пред се поради посветеноста на новиот оперативен систем кон екраните на допир, но и обидот за унифицирање на оперативните системи за таблет компјутери, паметни телефони и персонални компјутери.

Dell најави дека хибридот ќе биде достапен наскоро по излегувањето на Windows 8 оперативниот систем.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top