0 коментари 1 мин. читање

Додадени се над 100.000 водичи во Google Earth

Нови 100.000 локации и тури низ целиот свет, најави Googlе Еarth за својот водич Tour Guide. Покрај кусите филмчиња во турите ќе бидат додадени и 1.000.000 кориснички фотографии од 200 држави.  За незапознаените со водичот, Tour Guide претставува експерт кој ви покажува интересни податоци за локацијата која сте ја гледате или уште подобро ако сакате да ја посетите. Засега Голем Кораб е единственото место за кое Google нуди какво-такво видео од Македонија, се надеваме дека во иднина бројот на вакви видеа ќе се зголеми.

Во турите  за прв пат ќе се појават и корисничките фотографии кој ќе се комбинираат со 3D-прелети и податоци од Wikipedia. Измените ќе бидат достапни на десктоп, iOS и Android. 

[youtube]CkkqKcN0s30[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top