{mosimage} Еве една интересна идеја – дали ќе користевте Firefox доколку нема додатоци (add-ons)? Популарниот прелистувач ја привлече публиката со илјадници додатоци со кои корисниците лесно и ефективно можат да си го персонализираат својот Firefox.
Но, во блог пост Мајк Конор, шеф на девелоперите на Firefox, напиша дека Mozilla размислува за промена на начинот на изработка на додатоците со цел да се задржи стабилноста на прелистувачот.
„Имаме многу одлични додатоци и теми, но нивното развивање бара време и технички можности, и продолжена обрска за нивно одржување низ различните верзии“ вели г-дин. Конор додавајќи дека имаат фидбек дека многу корисници одбиваат да го надоградат прелистувачот поради некомпатибилност на додатоците.
{mosimage}
Затоа, вели девелоперот на Mozilla, експериментиравме со Jetpack и Personas проектите. Јеtpack проектот е наменет да ја одржи функционалноста на прелистувачот и овозможува градење на додатоци со HTML, CSS и JavaScript, наспроти сегашните XUL-базирани додатоци. Со Jetpack нема потреба од рестартирање на прелистувачот при инсталација на додаток, ниту ќе има големи промени на додатоците меѓу различните верзии.
Г-дин. Конор вели дека Mozilla знае дека овие проекти на почетокот ќе имаат лимитирани можности. Додатоците нема да ги снема, голем дел ќе бидат префрлени, но сега за сега Jetpack не може да подржи покоплексни додатоци.
„Ова не е лесна одлука, но верувам дека ова е правилната, и ќе продолжиме кон подобрување на можностите на Persona и Jetpack да станат доволно моќни за да обезбедат корисничко искуство како што сакаме.“
Овој блог пост предизвика огромно незадоволство од Mozilla заедницата (читнете ги коментарите под постот) по што следуваа неколку надополнувања и разјаснувања на постот на г-дин. Koнор. Последното доаѓа од Mozilla тимот за додатоци кои велат дека додатоците ќе останат, а „Jetpack е само нов начин за креирање нови додатоци за Firefox."






