0 коментари 1 мин. читање

Мicrosoft Kodu, детска алатка за креирање игри, сега и за PC

{mosimage} Еве една вест за помалите компјутерџии, нивните родители и
професорите. Kodu, алатка за креирање на видео игри на Microsoft, одсега ќе биде достапна и за декстоп персоналните компјутери. Досега алатката беше достапна само за XBox 360.

Kodu е алатка за креирање игри со која помалите ќе можат да си креириаат свои ликови, да ги модифицираат виртуелни светови и да го одредат текот на настаните во нивна игра. Kodu е креативна алатка, а веќе полно училишта се заинтересирани бидејќи со неа децата си ја развиваат креативноста и генерираат разновидни идеи. Игрите исто така можат да се споделуваат со пријателите.

„Преку Kodu ги воведуваме децата во програмирање и им помагаме да ги подобрат вештините за дизајн, математика и да научат да решаваат проблеми.“ вели Матју МкЛаурин, креаторот на играта кој ја добил идејата од својата ќерка.

Бета техничка верзија од Kodu може да ја симнете и испробате, а подолу е видео од CES ’09 презентацијата на Microsoft.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top