0 коментари 2 мин. читање 12 јануари, 2010

ИТ.мк: „Биди иновативен“ ги наградува бизнис идеите

{mosimage} Започна кампањата „Биди иновативен“ која ги повикува сите млади луѓе до 35 години да престават свои бизнис планови, а 10 најдобрите ќе поделат 21.000 евра. Кампањата е проект на Seavus и на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

Заинтересираните кандидати со своите бизнис планови ќе можат да аплицираат он-лајн на порталот ncdiel.mk (детали можат да се најдат и на bsc.ukim.edu.mk) при што најпрво ќе бидат селектирани 80-те најиновативни бизнис идеи, по што ќе следува 13-дневна обука и натпревар за најдобар бизнис план. За најдобрите десет од областа на информатичката технологија е предвидена финансиска подршка во висина од 21.000 евра(првото место добива 5.000 евра) и влез во инкубаторот на компанијата Сивус, пишува MakFaks.

“Процесот е отворен за сите млади луѓе кои сакаат да се осамостојат и имаат идеја за нов бизнис. На овој начин сакаме да се стимулира процесот на самовработување и да им се помогне на десетици млади луѓе својата среќа да бараат самите без ничија помош”, рече Игор Николовски од Националниот вентар за развој на иновации.

Сите заинтересирани ќе можат да аплицираат најдоцна до 15 ти февруари, а од 26-ти
започнува обуката и подготовка на бизнис плановите кои до 21 април ќе треба да бидат испратени до центарот. Три комисии ќе дадат оценка за
најдобрите, по што победниците ќе бидат прогласени на 10 мај, на европскиот ден на претприемништвото.

{mosimage}



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top