1 коментар 2 мин. читање 31 март, 2014

ФИНКИ ќе добие своја зграда; ќе биде „современа и според потребите на факултетот“

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) ќе добие нова сопствена зграда. Факултетот кој започна со работа пред три години ги користеше просториите на двата факултети од кои беше креиран од Природно-математичкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии. Се уште нема најава за локацијата на новата зграда, но има две предлог варијанти, изјави министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Зградата, вели тој, ќе биде современа и според потребите на ИТ факултетот.

„Во најскоро време ќе почне изградбата на објект и ќе биде една од најсовремените и најнови згради соодветно на потребите на факултетот и со сосема доволни просторни услови за да се задоволат потребите на огромниот број студенти, кои имаат интерес да се запишат на овој факултет“.

ФИНКИ и 3.000-те студенти кои се запишаа во изминативе три години, ќе треба да се преселат во новите згради, заедно со своите 11 лаборатории. Тоа што е важно е што со новата зграда факултетот ќе биде попродуктивен и ефикасен во образување на ИТ кадарот во земјата за „полесно добивање работа и креирање инжинери кои понатаму ќе ја подигнат македонската ИТ индустрија“, вели деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Dalibor Cvetkovski
12 years ago

Пред избори се се ветува, а ако не се лажам и во 2008 се ветуваше нов комплекс за информатичкиот факултет и еден предлог имаше да биде во Општина Аеродром .

Мени
Заедница
Изглед
To top