ФИНКИ и Fx3x започнаа соработка, ќе се воведат нови курсеви за анимација и компјутерска графика

во ИТ.МК

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и студиото за визуелни ефекти Fx3x стартуваа соработка што ќе резултира со воведување на нови предмети во студиските програми на факултетот.

„Соработката со индустријата е еден од главните приоритети за ФИНКИ. За таа цел направивме студиски програми кои продуцираат кадри кои ќе имаат доволно специјализирано практично знаење за да можат веднаш да почнат со работа на реални проекти во компаниите.“, вели деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов.

„Во оваа насока соработката ќе се одвива преку директно вклучување на компаниите во ажурирањето на студиските програми, потоа преку нивно учество во изведувањето на наставата каде експерти од ИТ индустријата ќе им предаваат на студентите за технологии кои тие ги користат. Се разбира, останува и соработката во поглед на пракси, семинарски работи и вработувања.“

ФИНКИ ќе воведе промени во постоечките промени, пример во предметот за веб дизајн повеќе внимание ќе посвети за софтверските алатки за обработки на слики, а во предметот за компјутерска графика поголем аспект ќе има на 3Д моделирање на анимирани објекти.

„Поголемите промени и интервенции ќе бидат вклопени во ажурираните студиски програми што ќе треба да започнат од следната учебна година.“, вели г. Трајанов.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
4 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Pedrag
Pedrag
14 years ago

Се е тоа супер, но зошто не започнат со некои други програми, на пример: криптографија, информатчка заштита, cloud информатика и тн. Нашите студенти кои се заинтересирани во овие области би требало да заминат надвор од државата за да можат да учат тоа што го сакаат. Сепак ги подржувам и новите прогами за анимација и компјутерска графика. Поготово кај нас во последно време стануваат и се едни од најбараните, и се сфери и професии каде е потребно незабавно напредување.

Boris Kuzmanov
14 years ago
Reply to  Pedrag

Има такви (или слични) предмети кои се изучуваат во погорните години на сегашните насоки.

Dejavu
Dejavu
14 years ago

Супер само ми се чини дека поарно ќе беше со Академија за ликувна уметност да беше соработкава

filip
filip
14 years ago

kaj beshe ova ovaa godina pa da si go rabotam toa so go sakam….ahh!!! Ima i kursevi znam ama diplomata e bitna!!!

види ги сите огласи на kariera.it.mk