Иднината на заработката од стримингот доаѓа од рекламите

во Вести

Американскиот, но и глобалниот стриминг пазар се наоѓа на праг на интересна трансформација. Во САД оваа година се очекува приходите од рекламите во „Video on Demand“ сервисите да достигнат околу 17 милијарди долари годишно, тврди истражувањето на Ampere Analysis, кое го пренесе Streamtvinsider. Ова е добар показател дека следниот голем скок на заработката во оваа индустрија доаѓа од рекламите.

Во последните неколку години традиционалните претплатнички модели се соочуваат со поспор раст и зголемена конкуренција. Стриминг платформите се движат кон хибриден модел во кои рекламите се дополнителен, но важен извор на приход. Податоците на Ampere се однесуваат на САД, но покажуваат нов тренд. Дури 40% од возрасните од 18 до 64 години во текот на последниот месец гледале AVOD (video on demand со реклами). Ова е бројка што е двапати поголема во споредба со периодот пред пет години. Трендот не само што ја потврдува зголемената популарност на AVOD, туку и покажува дека овие корисници гледаат повеќе. Податоците покажале дека корисниците на AVOD гледаат околу еден час повеќе дневно, а рекламите зафаќаат околу 25% од тоа време.

Овој развој ја прави рекламата важен дополнителен извор на приходи во стримингот. PwC предвидува двоцифрен раст во глобалниот AVOD пазар со петгодишен просечен годишен раст (CAGR) од 141%. Со оглед на тоа дека бројот на претплати стагнира, рекламите не се повеќе дополнителна, туку се исклучително важна компонента на финансискиот модел. За само три години, рекламите ќе го зголемат својот удел во глобалните стриминг приходи од 20 отсто на околу 28 отсто.

Примерот на Amazon

Една од најинтересните стратегии во последно време е примерот на Amazon Prime Video. Во обид да ги искористи сите можности од рекламниот сегмент, Amazon донесе одлука да го затвори нивниот бесплатен, стриминг сервис Freevee. Сите содржини од бесплатниот сервис компанијата ги интегрира во Prime Video. Со ова, Amazon си отвори можност за надградба на својата публика. Според податоците, околу 21,8 милиони американски корисници што дотогаш го користеле единствено бесплатниот стрим, станале потенцијален извор за зголемување на претплатничката база. Со оглед на забавениот раст на традиционалните претплатнички модели, ваквата стратегија претставува отворање на нов канал за нови приходи.

Photo by Denny Müller on Unsplash

Раст на претплатите поддржани од реклами

Netflix е еден од водечките стриминг гиганти, но и тој се соочува со предизвикот да го искористи рекламниот потенцијал. Во нивните резултати од последното тримесечје се забележува дека 55% од глобалните нови регистрации се вршат преку нивните планови со реклами. Во САД оваа бројка е пониска, но сѐ уште е висока и е околу 45 отсто. Дополнително, податоците покажуваат дека во САД, 24% од постоечките Netflix претплатници го користат пакетот за претплата поддржана од реклами. ЗаDisney+ оваа бројка е пониска и изнесува 14%. Сепак, јасно е дека дел од претплатниците избираат претплата со некои од моделите со поддршка од реклами. Овие цифри покажуваат дека во еден дел има трансформација во навиките на потрошувачите. Дел од корисниците се подготвени да ги гледаат рекламите во замена за пониски месечни цени.

Предизвикот за Netflix, но и останатите стриминг сервиси не завршува тука. Зголемувањето на цените – од еден до неколку долари за сите планови ја покажува потребата од потребниот баланс помеѓу квалитетот на содржините и монетизацијата преку реклами. Доколку квалитетот не е задржен на потребно ниво, може да се стигне до точка каде што и рекламниот модел нема да биде доволно атрактивен за потрошувачите.

Рекламите се повеќе од дополнителен приход

Сите овие промени укажуваат на тоа дека рекламите не се само дополнителен приход, туку клучен елемент во иднината на стримингот. Компаниите кои ќе успеат да ги спојат квалитетните содржини со оптимизирани рекламни стратегии, ќе го зголемат и ангажманот на гледачите. Овие стриминг сервиси ќе бидат оние кои ќе ја водат индустријата во иднина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk