Како криминалот, војната и порнографија се двигатели на најбрзата технолошка иновација

Кога размислуваме за најиновативните сектори, најверојатно би посочиле кон маркетингот, финансиите или малопродажбата. Но, вистината е дека најбрзите и најтрансформативните технолошки достигнувања доаѓаат од друго место.

Маријн Маркус е холандски научник за податоци и раководител на одделот за вештачка интелигенција во „Capgemini Netherlands“, каде што повеќе од седум години води иницијативи за вештачка интелигенција. Со искуство во општествените науки, податоците и статистиката, Маркус ја применува науката за податоци на сложени општествени предизвици, вклучувајќи ја јавната безбедност, хуманитарните кризи и одржливото земјоделство.

Неговата работа вклучува моделирање на ширењето на еболата за време на епидемијата во 2014–2015 година, соработка со холандската национална полиција за аналитика на криминалот и водење на проектот FARM, кој користи big data за помош на земјоделците во Кенија. Како чест говорник на меѓународни конференции за ВИ, Маркус е познат по своите провокативни согледувања за етичките и општествените влијанија на технологијата – секогаш застапувајќи ја идејата дека иновациите треба да служат за општото добро.

Денес, според Маркус, најреволуционерните сектори во технологијата не се банкарството или маркетингот – туку криминалот, војната и порнографијата. Според него, нелегалните индустрии имаат тенденција да ги прифаќаат и имплеменетираат новите технологии многу побрзо од конвенционалните сектори, токму затоа што работат на маргините на регулативата, но и од неопходноста која произлегува од нивните активности.

Нелегалните примени на технологијата напредуваат побрзо од легалните“, вели Маркус.

„Погледнете ги VHS, HD, 3D, стримингот, дури и биткоинот – повеќето од нив доживеаја ран подем благодарение на индустријата за возрасни или криминалните иновации. Криминалот секогаш се прилагодува побрзо. Затоа и го проучувам. Затоа што ако сакате да разберете каде технологијата се движи следно – гледајте ги маргините, а не главните текови.“

Навистина, голем дел од технологијата што денес ја земаме здраво за готово – од стриминг платформите како Netflix и Spotify до безбедните онлајн плаќања – има пуштено корени до индустријата за возрасни. Кога традиционалните хостинг услуги одбиваа да поддржат експлицитна содржина, а на гледачите им беа потребни само неколку минути видео одеднаш, стримингот стана техничка неопходност. Таа неопходност помогна да се развијат скалабилни методи за испорака кои сега опслужуваат милиони корисници преку најразлични медиуми.

Марин Маркус

„Стриминг технологијата, вклучувајќи ја и онаа што ги напојува Netflix и Spotify, е всушност измислена од порно индустријата. Никој не сакаше да ги хостира нивните видеа, и никој не сакаше да ја преземе целата содржина – затоа што на луѓето им беа потребни, не знам, можеби само две минути. Така, денес го имаме Netflix благодарение токму на порнографијата. Да не се разбереме погрешно, не ви велам да гледате порнографија. Ви велам да ја следите порно индустријата – затоа што тие иновираат со темпо што го заслужува нашето внимание“, вели Маркус за ИТ.мк

Истовремено, холандскиот научник не ги романтизира овие случувања, туку ја нагласува темната страна на оваа брза иновација – особено во начинот на кој таа се вкрстува со експлоатацијата и безбедноста. За време на пандемијата КОВИД-19, платформите како OnlyFans доживеаја наплив на популарност, за што Маркус признава дека имало и позитивни и негативни последици.

„Стана побезбедно за многу жени“, вели тој. „Дигиталната сексуална работа ја отстрани потребата од физички контакт, и тоа е добра работа во однос на здравјето и контролата. Но, исто така, ја зголеми експлоатацијата до нивоа што не сме ги виделе досега.“

Со дигиталните платформи, експлоатацијата сега може да биде постојана, глобална и алгоритамски засилена. Маркус има работено со полицијата и организациите за бегалци во борбата против трговијата со луѓе и онлајн злоупотребата. Поради тоа, има искусено како технологијата може истовремено да биде и штит и оружје.

„Другата страна е што тоа сè уште останува експлоататорски бизнис – а дигиталниот аспект се развива и шири на брз начин. Одеднаш, многу повеќе луѓе запливуваат во овие води, наштетувајќи си себеси преку изложеност и злоупотреба на начини што претходно не беа можни. Гледаме работи како континуирано снимање со веб-камери кои претставуваат присилна онлајн проституција. Тоа ниво на експлоатација претходно не беше возможно.“

Денес, ситуацијата дополнително се усложнува со содржината генерирана од вештачка интелигенција. Индустријата за возрасни сега е преплавена со синтетички слики и видеа, истиснувајќи ги човечките изведувачи и дополнително намалувајќи ја индивидуалната профитабилност.

„Бројка на онлајн репозиториум стана исклучително висока. Сега можете да генерирате содржина многу побрзо отколку што можете физички да ја произведете. Содржината создадена од луѓе сега се натпреварува со машини кои можат да бидат поубави, позлобни, побрзи – што и да посакате“, вели Маркус..

Дополнително, младите луѓе се особено ранливи, додава тој.

„Имате тони луѓе кои се жртвуваат за краткорочна добивка кога наместо тоа би можеле да се образуваат. Но, таквата брза заработка е примамлива – имаш 18 години, објавуваш слика онлајн и заработуваш повеќе од месечна минимална плата. Се работи за моќна, но крајно опасна работа“, предупредува тој.

Маркус не ја обвинува технологијата, бидејќи за него таа не е ништо повеќе од алатка која ги одразува и засилува човечките желби и општествените структури. Но, тој нагласува дека иако дигиталната сексуална работа воведе нови форми на безбедност, таа исто така создаде нови слоеви на штета, принудувајќи нѐ да работиме на развивање на нашето разбирање за експлоатацијата, вредноста и достоинството во ерата на вештачката интелигенција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk