Запознајте го Figarc – дизајн системот кој ќе ви помогне при скицирањето ентериер во Figma

во ИТ.МК

Златко Најденовски е дизајнер, основач и креатор на неколку платформи. Започна како вебдизајнер, па се префрли на UX и продукт дизајн, за на крај да започне да работи на сопствени проекти. Креатор е на Tribevibe и Pixel Bazaar, а неодамна ја претстави и Figarc. Токму ова беше повод накратко да позборуваме со Златко за новата платформа и за неговите идни планови.

Златко Најденовски: За оние кои добро ја познаваат дизајн алатката наречена Figma, тогаш Figarc е дизајн систем за скицирање ентериер во Figma.

Исто како што постојат безброј дизајн системи во Figma за брзо дизајнирање на веб страни и апликации, така јас направив дизајн систем, но за нешто што Figma не е предодредена. Со други зборови ги “злоупотребив” сите можни функционалности во Figma за да покажам дека Figma има потенцијал да се користи надвор од дигиталниот дизајн. 😊

Tribevibe го прогласив за failed startup. Но научив многу. Бидејќи самиот обид за градење на ваков стартап, етички од корен, создаде голем интерес во мојата фриленс кариера. На таа основа привлеков неколку интересни клиенти и сите мои пари што ги инвестирав во Tribevibe ми се вратија индиректно преку тие фриленс проекти.

Од тогаш до сега, покрај работа на проекти, посветував и време на мојот трет мини бизнис, т.е. пазар на пиксели, кој што го водам уште од 2013.

Figma. Ништо повеќе. Никаков fancy tech-stack. 😊Тоа е воедно самиот производ. Но покрај производот ставам голем акцент и на веб страната бидејќи ми е главен маркетинг канал.

Повеќето се дизајнери и програмери кои добро ја разбираат Figma. Понекогаш сакаат да си скицираат дом, стан, или канцеларија. Всушност, јас така и почнав со Figarc, скицирајќи си дом за кога ќе се пензионирам. 😊

Значи корисниците не се архитекти, а претежно луѓе од ИТ сферата. Бидејќи Figarc е забавна алатка и не е за сериозни архитектонски градби.

За да допрва не учиш сложен софтвер за архитектура од типот на Archicad или Autocad, ако потребата ти е само нешто набрзинка да скицираш и да му покажеш на архитект. Во тој случај си ја симнуваш библиотеката на Figarc, ја додаваш во Figma и почнуваш да црташ и влечеш готови парчиња мебел на скицата. Значи целиот процес на учење нов совтвер е сведен на нула. Learning curve eliminated.

На веб страната има три пакети, Figarc Lite – $50, Figarc Pro – $100 и Figarc Team $350. Производот е реално Figarc Pro, додека Figarc Lite е скратена варијанта, но ми помага при првичните продажби.

Интересот е неочекувано голем, токму бидејќи направив нешто што Figma не е предвидена. Но затоа пак и не очекувам голем бизнис интерес, бидејќи Figarc не може да прерасне во сериозен софтвер за архитектура бидејќи е библиотека направена во Figma.

Од друга страна пак, привлекува внимание од претприемачи во архитектонската индустрија, поточно оние кои се занимаваат со архитектонски софтвери во прелистувач и генерирање на архитектонски основи на план со помош на вештачка интелигенција.

Но, најважно е што привлече внимание кај неколку луѓе во самата компанија Figma, поточно во образовниот сектор. Помеѓу другото, тие луѓе се задолжени за нудење на Figma кај студенти кои прв пат се сретнуваат со алатката. Не знам што ќе произлезе од ова, но знам дека Figma има неостварен пазар во сферата на дизајн за ентериер. Доколку решат да го фатат тој пазар, би можеле со неколку клучни видоизменувања на Figma да понудат дополнителна алатка на пазарот, исто како што направија со Figjam пред неколку години. Така да, успехот на Figarc го гледам во директна инвестиција или грант од Figma за да направиме дополнителна сериозна алатка наречена Figarc која што ќе го фати тој се уште неопфатен пазар.

Се надевам не ве збунив кога ги споменувам Figma и Figarc во иста реченица. Бидејќи понекогаш за некои е збунувачки што е што. 😊

Бидејќи во последно време гледам на Linkedin ме заследуваат многу Македонци и Македонки, па решив зошто таму да не пуштам оглас?

Figarc плагин во Figma. Тој ќе ми помогне со неколку функционалности кои што не може да се изведат директно во Figma, како на пример, мерење на површини, експортирање во .cad елементи и слично.

Плагинот би одел бесплатно бидејќи пазарот на плагини е многу активен и преку бесплатно симнување на самиот плагин ќе привлечам многу нови корисници. Плагинот сам по себе нема некој вредност, но во комбинација со библиотеката Figarc ја добива вистинската моќ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk