3 коментари 1 мин. читање

Фејсбук ја тестира функцијата „на денешен ден“

Фејсбук тестира неколку нови можности со кои би ги задржал корисниците што е можно повеќе време на сајтот. Најново нешто кое го откри Inside Facebook е дека Facebook подготвува нова функција „на денешен ден“ која има за цел да ни каже што правеле пријателите на денешен датум во изминатите години.

Во моментот тој фид е достапен за одреден број на корисници и може да се пристапи преку https://www.facebook.com/feed/todayinhistory, а од таму ќе може да се види кој што напишал во изминатите години, со кого станал пријател, која фотографија ја објавил, каде бил и слично. Повеќе информации сѐ уште не се достапни, но Facebook потврди дека тестираат нови функционалности кај дел од корисниците.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top