Microsoft Office е достапен и за Android 4.0 телефони, но не и за таблет компјутери

Популарниот пакет за едитирање на документи сега е достапен и за Android, но само за новата 4.0+ верзија. Microsoft вели дека Office за Android, како и претходно-објавените iOS и Windows Phone апликации, се дизајнирани за уреди со помали екрани, а не за таблет компјутери.

Со Office за Android може да прегледувате и едитирате Word, Excel и PowerPoint документи, и да креирате нови Word и Excel документи. Но, мобилните верзии се ограничени само на основни опции за едитирање на документи кои се складирани во облакот преку SkyDrive. Со мобилните верзии добивате неколку опции за брзо фаќање белешки или поправање грешки, како и можност за форматиран италик или болдиран текст.

Мобилниот Office е бесплатен за симнување, но, за да го користите треба да имате претплата на Office 365 која е околу 100 долара годишно. Со претплатата добивате пристап и до веб верзијата на популарниот софтверски пакет, како и можност да инсталирате Office на пет компјутери и пет мобилни телефони.

Иако апликацијата не е достапна за таблет компјутери, корисниците можат да пристапат до Office Web Apps преку прелистувач. Предноста на апликациите е што можат да работат офлајн, додека за Web Apps е потребна постојана интернет конекција.

Microsoft вели дека ќе продолжи со оптимизирање на документите за мобилните верзии, и дека постепено ќе додава поддршка за 33 јазици. Апликацијата е достапна во САД, а наскоро и на други 117 пазари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk