RSS читачот кој најмногу доби од гасењето на Google Reader, од денес на своите корисници кои имаат платено за претплата им нуди неколку нови можности. Feedly Pro е достапен за 5 долари месечно, 45 долари за една година или 99 долари засекогаш.
Тоа што корисниците ќе го добијат со претплатата е: пребарување низ артиклите, односно низ архивата на своите RSS извори, HTTPS, Evernote поддршка – зачувувајте артикли со еден клик во Evernote и премиум поддршка.
Со новите приходи од компанијата која веќе заработува од огласи, ќе може побрзо да развиваат и воведуваат нови можности за своите корисници. Исто така, најавуваат дека во брзо време ќе бидат достапни повеќе можности за корисниците кои се претплатени, но и за тие што сервисот го користат бесплатно.







