0 коментари 2 мин. читање

Новиот Samsung Galaxy Note 3 ќе биде претставен на 4-ти септември

Samsung само што закажа unpacked настан за 4-ти септември на IFA 2013, на кој, според очекувањата и според насловот „note the date”, ќе биде преставен новиот Galaxy Note 3. Note со своите 5,5+ инчи е еден од најуникатните уреди на Samsung. Претходните верзии на „фаблетот“ – име кое го доби Note бидејќи е меѓу таблет компјутер и телефон – имаа одлични перформанси, а знаејќи ги амбициите на Samsung, и новиот Note 3 ќе дојде со моќен процесор кој ќе ги поддржи сите разновидни функционалности на телефонот.

За потсетување, претходникот Galaxy Note 2 има 1,6 Ghz процесор со четири јадра, 5,5 инчен HD Super AMOLED екран со 1280×720 резолуција, 8 мегапиксели камера, 2 GB RAM и 16, 32 или 64 GB простор. Можно е со новиот Note, Samsung да го повтори сценариото со Galaxy S3 и S4 меѓу кои нема драстична разлика во перформансите – и двата уреди се супериорни и брзи – но S4 беше спакуван со куп разни функционалности како на пример читање со очите и фотографирање со звук. Тие функционалности би требало да бидат додадени и на новиот фаблет.

Иако повеќето од нас нема да можат да присуствуваат лично на настанот, сепак ќе можеме да го следиме во живо преку YouTube каналот на Samsung.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top