FBI хостирал сајт со 23.000 фотографии со детска порнографија

Avatar img-thumbnail img-circle

во Останато

Две недели во 2015 година американското Федерално истражно биро (FBI) призна дека aктивно споделуваше детска порнографија на интернет. Се работи за намерна акција за лоцирање и идентификување на педофили преку заразување на нивните компјутери и паметни уреди со вируси, јави USA Today.

Сајтот со кој оперираше FBI е најверојатно најголемата страница со детска порнографија досега. Сајтот во периодот од 20 февруари до 4 март имаше над 215.000 регистрирани корисници и линкови до 23.000 експлицитни фотографии и 9.000 фајлови кои можеа да се преземат од серверите на бирото.

Ова е промена на праксата на агенциите за несподелување и отстранување на детска порнографија штом биде пронајдена, но официјалните претставници сметаат дека ризикот се исплател. „Имавме можност да влеземе во некои од најцрните места на планетата, но немавме друга можност како да го направиме ова. Не постоеше друг начин да идентификуваме волкав број на престапници“, вели Рон Хоско од FBI.

Прашањето кое мора да го одговори FBI е дали со хостирање на фотографии тие всушност привлекле и измамиле корисници, и колку од тие фотографии се всушност превземени и дистрибуирани. Според бирото, акцијата е „успешна“ откако започна со откривање и запленување на неколку dark web сервери во Северна Каролина, САД. Под заштита на FBI сервисот Playpen стана најголемиот форум за споделување на детска порнографија. Над 100.000 регистрирани корисници го посетиле Playpen додека бил под контрола на FBI, а идентификувани се 1.300 престапници, од кои 137 веќе се во судска постапка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk