Piku Piku е нова iOS апликација за снимање на гифови со филтри

0 коментари 1 мин. читање

Никогаш нема доволно апликации за снимање на гифови. Овој пат ја претставуваме Piku Piku, нова iOS апликација со која може да направите гифови со филтри и веднаш да ги споделите на друштвените мрежи. Piku Piku е доволно „паметна“ апликација да препознае доколку некоја платформа не поддржува гифови, и во овој случај ги заменува со видео. Апликацијата нема премногу разлики со конкурентите, нуди избор за снимање со предна и задна камера, има тајмер, но бројот на филтри е забележителен. Сепак за целосно отклучување на сите филтри на Piku Piku потребни се 5 долари, па останува прашање дали навистина ви е потребна уште една апликација за гифови?

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед