0 коментари 1 мин. читање

Facebook тестира нов дизајн кој е инспириран од Pinterest

Можеби забележавте дека во последниве неколку месеци на Facebook е тешко да пропуштите кога некој ќе сподели фотографии кои сега се поголеми. Тоа е намерен дизајн бидејќи сликите се тоа што не привлекува на друштвените мрежи и Facebook го знае тоа многу добро.

Затоа и започна да тестира нова функционалност со фид за вести на кој ќе се истакнуваат уште повеќе слики кои ќе можат да се лакнуваат, коментираат и споделуваат директно преку фидот. Овој дизајн наликува многу на Pinterest, друштвена мрежа која стана супер популарна меѓу женската публика бидејќи е креирана само за споделување на слики и видеа, и ништо повеќе.

Според InsideFacebook, oвие фотографии се приказните кои се појавуваат од Open Graph апликации. Кога корисникот ќе кликнат на фотографиите тие се префрлуваат на апликациите. Но, се уште не се знае дали овие промени ќе ги опфатат сите апликации и кога.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top