0 коментари 1 мин. читање

Twitter воведе реклами кои таргетираат според локација

Twitter воведе реклами кои таргетираат определена група на корисници според локацијата. Новите реклами им се веќе достапни на сите брендови кои користат промовирани пораки на Twitter.

До сега ако сакавте да им пратите порака на корисниците во едно место, моравте истате порака да ја пратите насекаде низ светот. Новиот начин, твитови според локација, значи дека ќе може да известувате на одредени, точно определени, географски локации. На пример ќе можете да рекламирате само во Скопје или Македонија. Но, во случај кога некој настан истовремено се случува во повеќе градови, ќе може да испратите твит до луѓето кои ја следат вашата компанија во повеќе градови истовремено.

Твитовите според локација, се тестират веќе неколку недели. Во тестирањето се вклучени British Airways, Coca-Cola и Washington Post. Како што е случај со сите промовирани твитови, за рекламите се плаќа единствено кога корисниците ќе ги отворат.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top