Веќе пишавме дека Mozilla подготвува сопствен оперативен систем за мобилни, а денес од компанијата го објавија првиот „nightly build“ (рана тест верзија) на Firefox ОС кој е базиран на HTML5 и JavaScript технологија.
Firefox OS е составен од Gecko енџинот за рендирање, мал слој за овозможување на хардверот кој работи врз основа на Linux kernel и корисничкиот интерфејс наречен Gaia, кој е целосно имплементиран во HTML и JavaScript.
За да го тестирате Firefox OS, прво потребно е да преземете некој од „night build-овите“, а потоа да го преземете и конфигурирате Gaia корисничкиот интерфејс. Инструкциите за поставување ги има објавено Тони Чунг од Mozilla, но не очајувајте доколку не се снајдете, сепак овие првични објави се наменети за развивачите да најдат грешки во системот.









И уште нешто: дај бидете цивилизирани и ставете ги барем изворите на вестите, како што тоа го прават вашите колеги во „белиот свет“. На пример, енгаџет, еве еден текст:
http://www.engadget.com/2012/07/20/google-aquires-sparrow-the-apple-focused-email-app-maker/
Значи, освен тоа што сами (и со разбирање ;-)) ги имаат составено текстчињата, наведуваат кој е изворот, и дури и „виа“ – преку кој сајт имаат стигнато до информацијата. Ништо страшно, не им падна реномето. Вака, ги наведувате читателите на погрешен заклучок дека не само што вие сте автори на текстовите, туку сами сте ја завршиле и истражувачката работа.
Аман бе, кој го пушта „експертов“ да пишува?
„Firefox ОС кој е изработен со HTML5 и JavaScript технологија.“
Абе не збори, оперативен систем изработен со ХТМЛ5 и Јаваскрипт. А да земеше да се занимаваш со работи што ги разбираш?
Ок, што е разликата од тоа до тоа дека е базиран на HTML5… ? Како за инат да не сакаш да сфатиш неки работи…
А кој рече дека е базиран на ХТМЛ5?
Секој што има 2гр поим од информатика може само да се чуди на работите што ги пишуваш. Само изгледа нема многу такви посетители на странава, за жал. Најобемните дискусии што ги имам видено се или за печатни грешки, или на некоја социолошка тема.
Јас реков во коментарот(ама изгледа не го разбра баш) и имам пишано во претходната статија (линк имаш во првата реченица), а и ако прогуглаш ќе видиш дека и чичко Google го вика истото.
А за коментарот подолу и дел од овој твој коментар – нема да коментирам, затоа што кога и да се пренесува некоја изјава или оригинална статија, секогаш наведувам(е) извор. Поздрав. :)
Тоа што ти велиш така само кажува колку ги разбираш работите. Нема да те убедувам, штом ти кажал чичко ти гугл. Офтопик, гугл е алатка за пребарување, а не магионичар со одговор на сите прашања. Со други зборови, треба да се употреби мозок. Ама џабе зборам.
Поздрав и све најубо. Никаде немате оставено извор во вестите – освен ако не мислиш дека треба да кликам на сите можни линкови во текстот.