Facebook стана Twitter: Стартуваше Lite верзијата и @ тагирање

во Веб

{mosimage} Facebook објави неколку новини во еден ден. Стартуваше Facebook Lite верзијата на друштвената мрежа. Објавија дека за кратко време ќе може да се користи „@“ знакот за тагирања и одговори, иста функција како на Twitter. И овозможија пребарување според градови.

За почеток, прво Facebook Lite. Оваа верзија е поедноставна, поестетска и побрза, пред се поради корисниците со поспор интернет. Тоа што е најдобро сo Facebook Lite, не е брзината, туку што нема постови од апликации. Постови од Enemy of the day, Friend of the Day, Farmville, Mafia Wars, квизови … ги нема! Се надевам дека така и ќе остане.

{mosimage}

Самиот дизајн е едноставен и сконцентриран на содржината која ја споделуваат вашите пријатели. Со „содржина“ мислам на квалитетни линкови и постови кои имаат вредност, а не квизови и други бесмислени апликации.

Facebook Lite не е единствената новина која друштвената мрежа ја објави денеска. Facebook воведува и опција со која со „@“ знакот ќе се одговара на постовите и ќе се тагираат пријателите. Пример, кога ќе напишете „пијам кафе со @…“ Facebook ви дава опција да изберете пријател и да го тагирате, односно да направите линк до неговиот профил. Тоа што може да се види од сликата објавена на Facebook блогот e дека може едноставно да се линка и до брендови, на сликата е Starbucks. Ова
е позитивно за компаниите да добијат малку публицитет преку секојдневен разговор на пријателите.

{mosimage}

Оваа „@ одговори/тагирај“ опција е една од основните функции на Twitter која ги поврзуваше луѓето и ја правеше комуникацијата јавна.
Единствената разлика меѓу друштвените мрежи е што Facebook е приватна мрежа, за разговор со пријателите, додека Twitter е јавна мрежа. Вашите постови на сервисот за микро-блогирање се комплетно јавни, достапни на сите.

„@ одговори/тагирај“ oпцијата за Facebook се уште не е достапна за сите, но од Facebook велат дека ќе стане достапна во рок од 1 месец.

Трето најново нешто од Facebook е пребарување според град.

{mosimage}

Facebook агресивно се ангажираше да го извлече најдоброто од друштвените мрежи. Пријатели, едноставен дизајн, тагирање, промоција на компании и локација…. се на едно место. А сигурно ќе има уште новини, не за џабе го купија FriendFeed.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments