0 коментари 6 мин. читање 11 септември, 2009

Блогови има, и ќе има, само им се менува улогата

{mosimage} Друштвените мрежи зависат од информации кои се случуваат надвор од тие мрежи, а добар дел од информациите доаѓаат од блоговите, вели Дарко Булдиоски кој неодамна го презентираше
„блогирањето во живо“ на Blog Open ’09 настанот, дел од
интернет фестивалот Е-Тvrdjava кој се одржа во Ниш.

За тие што не го знаат од интернет просторот, Дарко Булдиоски е основач на Центарот за нови медиуми, ко-автор на блогот Komunikacii.net, сопруг, МacBook корисник… повеќе тука.

Разговаравме со Дарко за неговите идеи за блогирањето во живо, како и за потенцијалот на блоговите и ситуацијата на истите во Македонија. Краткото интервју е подолу, а на крај на текстот се наоѓа
презентација за Live Blogging. Презентацијата е направена со Prezi и изгледа одлично. Доколку ве интересира
видеото од презентацијата, тоа можете да го погледнете на Komunikacii.net.

На BlogOpen09 зборуваше за Live blogging т.е блогирање во живо. На кратко објасни ни што е Live blogging, предностите и можностите споредено со обичното блогирање.

Блогирањето во живо всушност претставува блогирање, или микроблогирање за време на одреден настан. На располагање ги имаме сите форми на содржина: текст, фотографија, видео, мултимедија. Во зависност од поготвеноста и целта може тоа да биде едноставно дополнување на еден ист блог пост, но може да биде и акција во која е вклучена цела заедница чија најразлична содржина се презентира на едно централно место. Оваа техника особено е користена од новинарите кои за одредени цели отвараат свои блогови, твитер профили или страници за да следат некоја сторија која се развива, да вршат пренос во живо од некој настан и слично. Предноста е секако во интеракцијата, во непосредната и инстант реакцијата од публиката која станува активен дел од известувањето. Постојат бројни напредни алатки и техники со кои може да се реализира блогирање во живо, но сепак најважен е добро развиен концепт и добра подготовка.

Дали информациите во реално време се поважни од обработените, едитирани информации кои се добро осмислени?

Брзината со која се известуваат настаните, особено кога тоа го прават новинарите бара поголемо искуство и посветеност зошто можноста за грешка е далеку поголема. Едноставно веродостојноста на информациите скоро и да не се проверува, па затоа само поискусните новинари ширум светот ја практикуваат оваа активност во име на своите медуми.

Да одговорам директно. Нема поважни или поневажни информации. Има точни и неточни информации. Секој тип на известување си има своја цел. Ако некој не умее да ја одбере вистинската алатка, воопшто и не треба да се обидува.

Во твојата презентација велиш да се искористат виџетите на друштвените мрежи, YouTube, Тwitter… Од друга страна на Digimak.net се гледа неверојатен пад на посетеноста на .mk блоговите. Дали друштвените мрежи го заменија блогот?

Во одредена мера ги заменија, но сепак друштвените мрежи ја заменија онаа активност која своевремено Филип Стојановски ја истакнуваше како форумизација на блоговите. Денес и Twitter и Facеbook зависат од информации кои се случуваат надвор од тие мрежи. Добар дел од информациите доаѓаат од блоговите. Едноставно се менува улогата. Блогови има, и ќе има. Но може да се претпостави дека само оние поквалитетните и попосветените останаа верни на својата идеја и публика.

{mosimage}

Имаме пример на ИТ блогови како TechCrunch, Mashable, пример на политички блогови како HuffingtonPost, кои започнаа како блог, а станаа влијателни медиуми. Во Македонија пак има неколку блогери кои сега пишуваат колумни. Дали тоа е доволно или треба да очекуваме нешто повеќе од блогерите или подобро кажано дали има потенцијал за нешто повеќе?

Ако мене ме прашуваш тоа што блогерите станаа колумнисти и ги запоставија блоговите за мене е пораз. Да започнеш нешто свежо, ново, свое, во некоја рака дури и револуционерно и да го напуштиш зошто си станал „дел од мејнстримот” само покажува колку не било искрено она првото. А може и грешам? Не знам, секој има своја причина и своја приказна, не може да се генерализира како што тоа го сторив јас во една реченица.

Сепак, по се изгледа дека македонската блог заедница не успеја да стане влијателна, изгледа дека секој потег кога стануваше се поблиску до тоа се случуваше некое одлевање кое ја носеше чекор назад.

Дали има потенцијал за повеќе? Секако. Само треба тие кои го носат да видат некоја мотивација, некоја директна корист, во тоа. Не мора да е финансиска. Секој блогер има свои цели, кога барем дел од нив би ги исполнил некои од блогерите ќе може да отскокнат повисоко.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top