0 коментари 1 мин. читање 24 април, 2012

Facebook потроши 550 милиони долари за стотици патенти од Microsoft

Со над 600-те патенти купени од Microsoft за 550 милиони долари, Facebook сака да се одбрани од компаниите кои ќе ја оспорат нивната технологија. Само пред еден месец Yahoo поднесе тужба против Facebook за прекршување на десетина патенти.

Без врска дали ќе ја добие или не тужбата, на Facebook му е неопходно да се држи на страна од ваков лош публицитет пред најавеното излегување на берза за да ја задржи вредноста на акциите.

„Ова е значителен чекор напред во процесот да изградиме портфолио на интелектуална сопственост со кое ќе ги заштитиме интересите на Facebook во долгорочен период.“, вели адвокатот на мрежата, Тед Улјот.

Патентите кои ги откупи Facebook се дел од пакетот патенти кои Microsoft пред еден месеци ги купи од AOL за една милијарда долари.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top