2 коментари 1 мин. читање

Android ќе добие алатка за пронаоѓање на изгубениот телефон

Google најави нова алатка со која сопствениците ќе можат да ги пронајдат своите изгубени Android телефони. Android Device Manager ќе овозможува корисниците да го следат својот телефон на мапа, да го активираат ѕвонењето или да ја избришат неговата содржина.

Активирањето на ѕвонењето ќе помогне да го пронајдете телефонот доколку не знаете каде сте го оставиле, a сервисот ќе овозможи да го појачите звукот на телефонот дури и ако сте го оставиле на вибрации. Другите две опции ќе помогнат доколку се сомневате дека некој ви го украл телефонот и дека ќе избега со вашите информации, слики и слични документи.

Со оглед на тоа дека минимален услов за работа е Android 2.2, може да се каже дека услугата ќе биде достапна за речиси сите корисници на Android телефони. Апликацијата ќе се појави кон крајот на август.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top