0 коментари 2 мин. читање 20 ноември, 2012

Facebook тестира Photo Sync за iOS за авто-закачување фотографии

Facebook тестира Photo Sync опција за iPhone и iPad. Со неа корисниците ќе можат автоматски да ги префрлат фотографиите од мобилниот уред на Facebook.

Ваква опција за автоматско закачвање на фотографии веќе постои на сервиси како Dropbox или Google + Instant Uploads. Но овојпат се работи за Facebook на кој се закачуваат по 300 милиони слики секој ден! Доколку опцијата биде додадена на iOS и Android, а ќе биде, сигурно ќе видиме уште пoвеќе фотографии. Поголемиот дел од корисниците на паметни телефони се активни во фотографирањето и имаат бројни фотографии на својот уред, но не секоја од тие фотографии ја закачуваат на Facebook. Со опцијата, Facebook ќе го олесни процесот на споделување на сликите и би требало да ги мотивира корисниците да објавуваат повеќе.

Кога ќе се вклучи Photo Sync опцијата, сите нови фотографии кои се во галеријата на телефонот веднаш, автоматски ќе бидат префрлени во Facebook албум. Проблем со опцијата може несакајќи да објавите на Facebook фотографии кои би сакале да останат приватни, но за таа опасност ќе мора да бидете свесни откако ја активирате опцијата. Најдобар совет кој може да го дадеме е да ги проверите опциите за приватност на Facebook за објавување на нова содржина.

Сепак Facebook ќе мора да биде претпазлив со приватноста на корисниците. Најголем труд ќе биде да ја претстави опцијата на корисниците и да им објасни како функционира и дека може да се гаси.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top