0 коментари 2 мин. читање 20 декември, 2012

Ebay: Не вреди да се рекламираме во мобилни апликации

Еbay не верува дека треба да фрлаат пари на реклами во мобилни апликации. Според онлајн пазарот, рекламите го одвлекуваат вниманието на корисниците кои наместо на нив, треба да се фокусират на самата апликација.

Претходно годинава, Ebay започна да тестира реклами внатре во iPhone апликација, но откри дека тие го пренатрупуваат малиот екран, одвлекувајќи го вниманието на корисниците од самата апликација. Самите реклами биле всушност неефективни во привлекување на дополнителен приход. Рекламите, како што вели претседателот за глобален маркетинг на Ebay, Дејвид Вениг, не „вредат“.

Примарната цел на апликацијата би било да генерира мобилни продажби, па така рекламите се скоро непотребни ако самата апликација успева да прави пари. Што е поедноставно и полесно мобилното искуство за корисниците, толку помотивирани ќе бидат да ја користат апликацијата.

Конкретно на Ebay им успева во тоа да ги продадат своите мобилни апликации на корисниците. Тие се симнати над 100 милиони пати откако се стартувани пред четири години, а од нив онлајн пазарот очекува дека ќе направи 10 милијарди долари приходи.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top