0 коментари 2 мин. читање 15 март, 2013

Facebook ќе имплементира хаштагови какви што користат Twitter, Instagram, Pinterest?

Доколку им веруваме на информациите што ги објавија Wall Street Journal, а овој весник ретко греши, Facebook ќе воведе хаштагови, но не толку наскоро.

За тие што не се запознаени, Twitter скоро од самиот почеток користи хаштагови означени со #предзборот со кои се дефинираат одредени теми и ѝ овозможува на заедницата полесно комуницирање и пронаоѓање на содржина на одредена тема. Така, откако ќе се кликне на некој хаштаг, ќе се отвори целата содржина која корисниците ја објавиле под тој хаштаг.

Покрај Twitter, хаштагови користат Instagram и Pinterest, за дополнително категоризирање на фотографиите. Сепак, нималку нема да нè изненади доколку во блиска иднина од Facebook воведат хаштагови, со оглед на тоа дека на некој начин во превземаа начинот на означување на личности во објавите (со @ или +).

Сепак најавата е дека хаштогот на Facebook нема да се појави во скоро време. Од компанијата одбиваат да коментираат со образложение дека не коментираат на шпекулации.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top