Се ново сега е старо пак, вели Gizmodo кои ја имаат првата (но не и толку позитивна како што би очекувале) рецензија на Samsung Galaxy S4. Овој „flagship” телефон на јужнокорејската компанија е наследник на S3, најомилениот и, до сега, најдобриот Android телефон, што му дава добро педигре на S4 пред потрошувачите. Но, тоа што е пинтересно е што иновациите кои ги има Galaxy S4, и неодамна претставениот HTC Оne, покажуваат дека Android платформата сега е рамо-до-рамо со iOS на Apple.
Samsung Galaxy S4 доаѓа со 5-инчен екран, но благодарение на одличниот дизајн телефонот е скоро исто голем како S3, само 2 милиметри поголем, и дури тежи помалку за 25 грама, вкупно 130,4 грама. Екранот е Full HD 1080p Super AMOLED со резолуција од 1920×1080 и густина на пиксели од 441 пиксели на инч. Работи на 1,9 Ghz процесор со четири јадра, има 2 GB RAM, 16 GB простор со можност за microSD, и 2600mAh батерија што би требало да држи до 15 часа користење. Цената за телефон без договор сè уште не е откриена, но ќе се знае по 26-ти април кога официјално ќе стартува продажбата.
Тоа што е ново кај Galaxy S4 е што доаѓа со интересен сет на опции како скролање со очите, SmartPause која го паузира видеотo ако го тргнете погледот од уредот, Air View за отварање на попап екранче да видите што има во имејлот или на фотографијата без да ја отворите, S Health апликацијa за следење на чекорите по скали, потрошените калории и итн., има и Drama Shot за сликање куп слики одеднаш и потоа ги спојува во една голема слика и двојно фотографирање со предната и задната камера, има Group Play за да се поврзат до 8 телефони преку NFC, Adapt Displey кој ја менува бојата ако забележи дека читате многу текст на бела површина, и секако сето работи на на Android 4.2.2 ОС. Eден куп технологии спакувани во еден паметен телефон.
[youtube]2LHv1FPd1Ec[/youtube]
Која е конкуренцијата на Galaxy S4?
Galaxy S4 е навистина набилдан телефон со нова технологија и супериорен хардвер, но тоа до сега не го спречи iPhone да биде пред сите други и со полош хардверски перформанси, барем на хартија. Импресивните перформанси на Galaxy S4 не треба да се занемарат, но се чини дека паметните телефони не се наменети само за хардкор гиковите и фановите, туку и за пошироката публика која сака поубав и помодерен дизајн.
„Вистина е дека Samsung ја помести границата за спакуваниот хардвер и софтверските функционалности, сепак Apple e подобар од своите конкуренти бидејќи нуди едноставни за користење уреди со елегантен дизајн. И нема знаци дека компанијата ќе се отргне од таа стратегија.“, вели Cnet.
Можеби најголемата конкуренција на Samsung Galaxy S4 ќе бидат другите Android уреди кои се натпреваруваат со Apple во дизајнот. Според Gizmodo, Galaxy S4 ги оставил „неинспирирани“ бидејќи го споредувале со HTC One кој бил побрз и подобро дизајниран. Според IGN, Galaxy S4 е вистински телефон за фановите на Android, но ако некој сака да промени платформа пример од iOS да се префрли на Android, или сака модерно дизајниран телефон и технологија, тогаш Samsung не е правиот избор бидејќи „Sаmsung се фокусирал на внатрешните промени на телефонот, наместо да го револуционизира дизајнот“. Со ова се сложува и Wired кој вели дека дизајнот на S4 е ист како претходникот, но „ќе им се допадне на сите кои го сакаат S3“, и благодарение на хардверот ќе може да понуди добро гејминг искуство.
Сепак браво за Samsung што уште еднаш ги помести границите на тоа што може да биде спакувано во еден телефон. Нивната храброст ќе ги мотивира другите да направат уште подобри и поиновативни уреди. Или ќе пропаднат обидувајќи се.

Коментари
30 коментари
Коментарите се затворени.