Хакери играа Space Invaders на електронски билборд во Белград

Двајца српски ИТ студенти, Иван Петровиќ, 21 год., и Филип Станисављевиќ, 20 год., играа Space Invaders преку своите iPhone-и на хакнат електронски билборд во центарот на Белград. Наместо да бидат уапсени или критикувани, маркетинг агенцијата DPC, која е сопственик на билбордот, ги награди со 2 iPad Mini таблет компјутери.

Од маркетинг агенцијата велат дека ги наградиле студентите бидејќи на креативен начин им укажале на сериозен проблем.

„И порано знаевме дека може да има проблем поради недоволната безбедност на системот, меѓутоа не се реагираше. Во технолошки развиените земји не се ни помислува на вакви работи поради строгите закони. Ова ни укажува дека мора да се заштитиме, и дека законите треба да се сменат.“, вели менаџерот на DPC, Слободан Петровиќ, за Kurir-info.rs.

Хакерите кои во видеото подолу носат маички „Keep Calm and Seed” како поддршка за пиратската култура, велат дека нивната цел не беше да наштетат. Напротив, тие ја предупредиле компанијата за ранливостите. Пуштањето слики на билбордот од Pirate Bay со цитатот од Ганди „првин игнорираат, потоа се борат со тебе, и ти победуваш“, како и објавување на дефиниција за што се White-hat хакери и играњето на Space Invaders, беше само демонстрација за ранливоста на овие електронски рекламни паноа.

„Не сме членови на некоја хакерска група. Ова го направивме заради научноистражувачки цели без знаење на факултетот. Кај колегите чувме позитивна реакција, а од професорите ќе биде доволно да не не истераат од факултетот.“, вели Иван.

[youtube]FO_o8casdhs[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments