Facebook ќе го менува изгледот на почетната страница

Во последниот месец многу медиуми пренесуваа разни гласини дека Facebook ќе го менува дизајнот на почетната страница, односно страницата за најавување што не пречекува кога ќе отвориме Facebook.com. Многумина од вас можеби и веќе ја имат забележано страната, бидејќи Facebook како и другите веб сервиси тестираат свој дизајн со рандом корисници.

Од сликите кои излегоа на интернет, можете да видите дека се работи за голема промена на изгледот, а во главниот фокус влегува некоја слика со која се претставува поврзаноста и конекциите што може да се постигнат со помош на Facebook. Конекциите и поврзаноста беа тема на првата телевизиска реклама на Facebook.

Исто така, направена е промена и на формата за најавување и истата се појавува на десната страна од страницата, што не беше случај до сега и корисниците се најавуваа со впишување на своите информации во десниот горен агол.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
goran
goran
13 years ago

pheed :)