Pinterest – друштвената мрежа која е попопуларна кај женската популација и преку која можете да си купите интересни поклончиња, и која функционира на начинот со „закачување“ на различни фотографии на различни табли, во функција ја пушта и опцијата за создавање на приватни табли („албуми“).
„Празниците и одморите е времето кога поминува со фамилијата, споделувате оброци, и секако, изненадување на вашите најмили со некој посебен подарок. Затоа, бидејќи ние сметаме дека празниците се одлично време да ја тестираме најпобаруваната можност: приватни/тајни табли! Почнувајќи од денес, ќе им овозможиме на сите да креираат по три тајни табли.“, објаснуваат од Pinterest.
Со оваа можност, ќе можете да креирате приватни албуми во кои ќе ги сместите вашите најомилени фотографии и истите нема да може да бидат „пинувани“ и прегледувани од останатите корисници на оваа друштвена мрежа.








