0 коментари 2 мин. читање 8 ноември, 2012

Microsoft Surface 32 GB има само 16 GB простор, половината оди за Windows RT

ZDnet пишува дека Windows Surface RT таблет компјутерите наместо со 32 GB простор, доаѓаат со 16GB слободен простор бидејќи просторот од 32 или 64 GB, зависно од моделите, се користи за се, од инсталираниот оперативен систем до апликации, музиката, па се до „page files“. Најголем дел од просторот е зафатен од Windows RT и Office пакетот. Сепак не се за занемарување ниту 7,86-те GB на привремените фајлови (pagefile.sys и swapфile.sys).

За разлика од останатите таблет компјутери Surface е предвиден да биде „stand alone“- уред, односно дел од просторт мора да биде отстапен и за можност за реинсталација на OS. За ова се искористени 2 партиции една од 0,3 GB и втората од 3,52 GB од каде можете да го избришете и реинсталирате Windows RT. По ова од 32 GB остануваа 17 GB слободен простор.

Ова искористивање на просторот не е нешто што Microsoft го крие, напротив, се наоѓа на официјалната страна во објаснувањата за уредот.

За споредба, Nexus 7 кој доаѓа со 16 GB простор, има 13 GB слободен простор, а 32 GB iPad на испораката има 29 GB слободен простор.

Сепак за разлика од најголемиот број слични уреди, Surface доаѓа со простор за дополнителна micro SD картичка до 64 GB. За жал SD картичката не може да се користи за инсталација на апликации и барем засега сите апликациите не можат да пристапат до содржините на картичката. Teamradicus има решение за ова, иако не е премногу елегантно.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top