Facebook ги претстави Community Pages, го смени Become a Fan со Like

Покрај таа промена Facebook покрај Fan Pages, профили и групи, сега и официјално ги претстави Community Pages, кои се уште се во бета и не се достапни за сите.

„Community Pages се нов вид на Facebook Page посветени на тема или искуство што се споделува колективно од заедница која е поврзана со тоа. Како официјалните Page страни за бизниси, организации и популарни личности, Community Pages ве поврзуваат со сите кои имаат слични интереси и искуства.“ објаснува Алекс Ли на блогот на Facebook.

Целта на Facebook е општите групи креирани од корисниците, како пример, Inter, Љубов…, да се претворат во страни кои ќе имаат информации за темите.

Community Pages немаат администратор, објаснувањето на темата се влече oд Wikipedia, не може да се постира на нив, ниту добивате постови во вашиот стрим на вести од страната… туку информациите се вадат од корисничките постови поврзани со интересот и остануваат на таа страна.

Пример, ако ви се допаѓа готвењето, станувате фан на таа Community Page и потоа кога ќе ја посетите страната ги читате разните искуства и „учите повеќе за темите кои ве интересираат и да видите што вашите пријатели велат за таа тема.“

Инаку, денеска, 21 април, стартува F8 конференцијата на Facebook за девелопери па ќе следуваат уште објаснувања и најави за новитети на друштвената мрежа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments