Во своите по-закон-задолжителни документи за излегување на берзата, Facebook, покрај идните планови за растoт на компанијата, ги објави и можните ризици. Според Facebook, една од поголемите опасности со кои би се соочила компанијата е цензурирање на мрежата и незаинтересираност од корисниците бидејќи ќе се појави некоја нова подобра технологија.
Дечките од Mashable убаво ја сумираа листата од 35 ризици, а ние ви ја пренесуваме. Eве од што се плаши Facebook:
- Може да изгубиме корисници, или да не добиеме нови.
- Да изгубиме интерес за рекламирање, или новите технологии да ги блокираат рекламите.
- Мобилната платформа на Facebook не прикажува реклами, колку повеќе расне, толку полошо за нас.
- Платформата за Facebook апликации може да не биде успешна.
- Конкуренцијата од Google, Microsoft и Twitter може да стане пожестока.
- Повеќе земји да го блокираат Facebook.
- Корисниците ќе се заинтересираат за нови продукти.
- Facebook културата е рапидна иновација и интеракција со корисниците – ова може да му наштети на профитот.
- Неочекувани идни настани можат да му наштетат на брендот.
- Технички грешки може да дадат пристап до лични информации кои треба да се заштитени.
- Медиумите може да не „стават на пик“.
- Нашите финансиски резултати се тешки да се предвидат.
- Zynga придонесува со 12 отсто од нашите приходи. Ако останеме без нив, тоа ќе ни наштети.
- Нашите приходи пораснаа за 88 отсто лани – и тоа не е одржливо. Растот најверојатно ќе успори.
- Американските закони и регулации можат да се променат.
- Ако нашите патенти и авторски права не ни се одобрат – или не се ефективни – може сериозно да ни наштетат.
- Имаме тужби за патенти кои можат да завршат лошо.
- Имаме и тужби од граѓани кои можат да завршат лошо.
- Марк Закерберг има премногу акции, така моќта е во рацете на еден човек.
- Има комплицирани регулативи за данок на одредени акции – можат да бидат оданочени со 45 отсто.
- Ако ни треба повеќе инвестиција, правилата не би биле соодветни.
- Трошоците можат да растат побрзо од приходите.
- Многу од нашите сервери се одржувани од трети страни, и тоа може да биде проблем.
- Започнавме да градиме наши дата центри за да се справиме со сообраќајот, и имаме лимитирано искуство со такви работи.
- Нашиот софтвер е неверојатно сложен и може да има многу грешки.
- Не може да кажеме со сигурност дека ќе се справиме со растот соодветно – имаме над 3.000 вработени и тоа може да излезе од контрола.
- Ако го изгубиме нашето водство, како Закерберг или шефот за операции, Шерил Сандберт, тоа ќе ни наштети.
- Луѓето може да не тужат за било какви работи постирани на Facebook – авторски права, интелектуална сопственост, клевети и така натаму.
- Има опасност од вируси, хакирања, фишинг измами и злонамерен софтвер.
- Платежните системи на Facebook апликациите може да значат и нови владини регулации.
- Постојано се прошируваме надвор од САД, и не ги знаеме ризиците со кои ќе се соочиме во другите земји.
- Планираме да купиме многу нови компании, кои можат да ја попречат работата на Facebook.
- Може да банкротираме.
- Нашите даночни обрски се поголеми од тоа што мислевме.
- Реформите за оданочување во САД може да ни наштетат повеќе од очекувано.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.