Facebook ќе прикажува реклами во мобилните апликации

0 коментари 1 мин. читање

Над 300 милиони корисници отвараат Facebook преку мобилен. Таа огромна публика е доволно привлечна за да и се пласираат реклами.

Според Financial Times, Facebook ќе започне да пласира реклами на своите апликации за Android, iPad, iPhone, кои ќе бидат пропратени со спонзорираните приказни кои се појавуваат на мобилните уреди од декември 2011-та.

Во поднесените документи за излегување на берзата, Facebook наведе дека мобилните уреди се одличен приход, но до сега се уште нема претставено платформа за тоа.

Според FT кои разговараа со неколку извори блиски до Facebook, рекламите во мобилни апликации ќе бидат претставени на настан закажан на 29-ти февруари. Тогаш се очекува да бидат преставени и новите фан страни кои ќе наликуваат на Timeline профилите.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top