Користејќи ги „колачињата“, Facebook ги следи сите кликнати линкови на сите 800 милиони корисници кои се отворени во последните 90 дена.
Ова беше откриено од главниот инжинер на Facebook, Артуро Бехар, кој објасни дека Facebook ги следи и корисниците кои не се членови на мрежата, но кои кликаат на линковите откако ќе посетат некоја фан страна. Oва е прв пат Facebook да признае дека ги следи и корисниците кои не се членови.
Следењето на колачињата не е нешто ново бидејќи и Google, Adobe, Microsoft, Yahoo… сите ги користат за да соберат статистика за корисниците со цел, нели, на подобрување на услугите и поефикасен маркетинг.
Исто како и другите големи ИТ компании, и Facebook вели дека следењето на корисничката активност е за да го подобрат искуството и безбедноста, пишува USA Today.
Пред неколку дена World Wide Web Consortiumot, организацијата која се грижи за стандардите на Интернетот, предложи да се креираат нови алатки кои ќе обезбедат корисниците да бидат информирани за секое следење и таргетирање. Oва ќе им дозволи поголема приватноста на корисниците, но помала ефикасност на маркетинг агенциите.
Facebook е поканет од американскиот Сенат да го објасни следењето и како тоа влијае врз приватнсота на корисниците.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.