Европскиот CASSINI Hackathon по втор пат се организира во Македонија

Cassini Hackathon

11-тото издание на CASSINI Хакатон ќе се одржи во ИТ хабот Netaville од 24 до 26 април 2026 година. Локално организиран од Netaville и G+D Netcetera, овој настан ја потврдува позицијата на нашата земја во престижната европска иницијатива, која истовремено се одржува во десет градови низ Европа. Со огромна гордост истакнуваме дека Скопје е локацијата со најголем број на пријавени учесници од сите десет европски градови кои учествуваат во ова издание. 

Искористување на вселенската технологија за заштита на водата 

Темата на овој хакатон е „Вселената за водата”, а учесниците ќе бидат предизвикани да ги искористат набљудувањата на Земјата, сателитската навигација и вселенските податоци за развивање на решенија за реални проблеми поврзани со водата. Фокусот ќе биде на три предизвици: 

● обезбедување правичен и ефикасен пристап до вода, преку подобрување на управувањето, дистрибуцијата и зачувувањето на водните ресурси; 

● следење и спречување на загадувањето на водата во реки, езера и крајбрежни подрачја, со поддршка на навремени интервенции за заштита на водните екосистеми и јавното здравје; 

● следење на ризици од катастрофи, вклучувајќи суши, поплави и поројни дождови, преку системи за рано предупредување и стратегии за адаптација. 

Хакатонот започнува во петок, на 24 април, со вечерна сесија за отворање која се пренесува во живо на сите десет европски локации. Учесниците работат со своите тимови во текот на петок вечер и сабота, а во недела ги финализираат прототипите и презентациите. Прогласувањето на победник е предвидено во недела навечер. 

Локалниот победнички тим од Скопје ќе продолжи да се натпреварува на CASSINI Demo Day во среда, на 29 април, каде ќе презентира заедно со победниците од другите европски локации во виртуелно европско финале. 

Награди 

На локално ниво: 

Прво место: 3.000 EUR, обезбедено од G+D Netcetera; 

Второ место: 650 EUR, обезбедено од Шпаркасе Банка; 

Трето место: 200 EUR, обезбедено од Анхоч. 

На европско ниво:

Прво место: 5.000 EUR; 

Второ место: 3.000 EUR; 

Трето место: 1.000 EUR; 

Како и 100 часа менторство за трите победнички тимови, организирано од централниот CASSINI тим во текот на шесте месеци по хакатонот. 

Организатори и партнери 

Ова издание е организирано од Netaville и G+D Netcetera, со поддршка на вкупно 30 организации, бизниси, универзитети и институции кои учествуваат како партнери, соработници и спонзори на настанот. Хакатонот е дел од иницијативата CASSINI Hackathons and Mentoring, акција на Европската комисија имплементирана од Агенцијата на Европската Унија за вселенската програма (EUSPA), а координирана од VERHAERT New Products and Services и Novaspace. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk