Европската Унија инвестира во стартапи кои работат со истражувања и иновативни идеи

во ИТ.ЕУ

Horizon 2020 e SME Instrument фонд на Европската Унија за инoвација и развој, наменет за мали и средни стартaпи и компании кои можат да добијат до 2,8 милиони евра инвестиции. Тоа што е важно е да станува збор за изразено развојни компании кои работат на нови и иновативни технологии. Со други зборови, парите се наменети за стартапите. Планот на Eвропската Унија е да одели 90 милиони долари за една година кои ќе ги инвестира преку разни програми во стартапи и компании кои ќе го „нарушат и променат“ пазарот со нови идеи.

Целта на SME Instrument е да ги пополни финансиските дупки во првата фаза на развојот на стартапи, и финансиски дупки за акцелерација на иновациите. Сепак и покрај тоа што стартапи можат да учествуваат во SMЕ Instrument, основната намена на фондот е инвестирање во компании кои се со иновативни идеи, јави Inventures.еu.

Horizon 2020 програмата има три фази. Првата фаза која може и да биде прескокната се однесува на проценка на техничка исплатливост и комерцијален потенцијал на иновациите. Дел од покриените активности се преценка на ризик, дизајн, студии на пазарот, проверка на интелектуална сопственост и слично. За оваа фаза се предвидени 50.000 евра за секој проект. Втората фаза го опфаќа процесот на иновација, демонстрација, тестови, креирање на прототип и во оваа фаза инвестициите се помеѓу 500.000 и 2,8 милиони евра. Последната фаза е финализирање на продуктот и подготовка за пазарот, а малите и средни компании ќе добијат дополнителен тренинг, менторство и поддршка. Првите добитници на грандтот може да се видат тука.

Компаниите кои можат да учествуваат во оваа финансирање специјално се одбираат, а првиот контакт се прави во центарот за контакт во секоја од државите членки на Унијата.

[youtube]CimJI88c4fE[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments