0 коментари 2 мин. читање

Facebook како финансиски сервис? Мрежата тестира испраќање пари на пријателите

Скриена опција на Facebook Messenger наскоро може да овозможи испраќање на пари до вашите Facebook пријатели со помош на апликацијата. Функцијата ја откри Ендрју Аиде, студент на Универзитетот Станфорд, кој вели дека функцијата е подготвена, а трансакциите очекуваат официјално одобрување од друштвената мрежа.

Трансакциите на пари ќе бидат подеднакво едноставни како споделувањето на фотографии, се разбира со дополнителното додавање на кредитна или дебитна картичка, иако во засега се достапни единствено дебитните картички. Вестите за трансакциите ќе останат приватни, без да бидат прикажувани на прифилот, иако не се сомневаме дека ќе бидат дел од анонимизираните податоци на Facebook.

„Врз основа на моите познавања на дебитните трансакции, ова ќе го чини Facebook помеѓу 0,40 и 0,50 долари. Апликацијата во моментов не ве известува за дополнителни средства кои ги уплаќате. Во иднина би можеле да додадат цена од 1 долар за услугата“, вели Ендрју Аиде.

Засега останува нејасно дали Facebook ќе се обиде да ја монетаризира функционалноста со задржување на помал дел од од трансакциите или ќе ја користи за да ја зголеми популарноста на апликациијата. Можно е да биде искористена и за зголемена функционалност рекламите кои ќе бидат презентирани преку мобилната платформа. Сепак ова покажува зошто поранешниот претседател на PayPal, Дејвид Маркус е сега задолжен за Facebook Messenger, вели TechCrunch. Според најавите услугата најпрво ќе биде достапна во САД, а ова би можело да се случи веќе во следните неколку месеци.

Chargement

Facebook Messenger Payments feature demoed by @andyplace2 for TechCrunch

Afficher sur Instagram

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top