Сите кој купуваат со биткоини во Србија ова го прават на сопствен ризик, предупредува Народната банка на Србија, а пренесе Rts.rs. Ова не важи само за биткоините, туку и за останатите дигитални крипто-валути.
„Според законот платежно средство во србија е динарот и сите трансакции за услугите завршени во државата се во динари, освен ако со некој закон не е различно потенцирано“, велат од НБС. „Предупредуваме дека биткоин не претставува законско платежно средство во Србија, ниту може да биде предмет на купување и продажба од страна на овластени менувачници и банките“.
Ставот на српската банка е ист како и ставот што го има и гувернерот на Македонија. Причината за ова е што биткоините и останатите крипто-валути не ги издава централна банка, па не можат ниту да преземат одговорност за нив. Дополнително од банката потенцираат дека не постои начин за имплементирање на заштитен механизам за купувачите, што може да доведе до финансиски загуби кои Народната банка на Србија нема да ги покрие. Банката дополни дека интернет платформите кои се користат за конверзија на крипто валутата во конвенционални валути се нерегулирани и нивните корисници не се заштитени со закони од ризикот на кој се изложени при тргувањето.
Реакцијата на Народната банка на Србија доаѓа откако Белград го доби првиот биткоин банкомат кој овозможува конверзија од евра во биткоини. Инвеститорот Bitcoin 365 најави дека работат на овозможување на замена на биткоини и во динари.
Засега биткоините се легално платежно средство во 30 држави. Листата можете да ја проверите тука.
[youtube]Lx9zgZCMqXE[/youtube]